Француз сака да го преплива Тихи океан! :)

16 ноември, 20110
Benoit-Ben-Lecomte-t

Benoit Ben Lecomte 44 годишен маж од Франција сака да го преплива Тихи океан, тоа ќе го направи наредната година, а подвигот ќе го започне од Јапонија.

Тој е смел во својата одлука и не се плаши од патот долг 8800 километри.

Беноит во 1998 година го препливал Атлански океан без никакви помагала на патот, а авантурата траела 73 дена и така стана првиот човек кој го направил тоа.

Тринаесет години по оваа авантура, тој сега повторно е спремен да започне нова, односно освојување на Тихи океан.

Беноит, кој живее во САД, го испланирал патувањето, ќе тргне од Јапонија и ќе плива 8 часа на ден. Планира да носи и маска која ќе му помогне да прима повици и да се јавува доколку му е потребна помош. Исто така, тој ќе има вграден микрочип кој ќе испраќа податоци за неговто здравје.

За да се одбрани од ајкулите, тој на себе ќе носи специјален ѓердан кој ќе ги плаши и оттргнува опасните животни.

Најголем проблем би биле оргомните бранови кои достигнуваат висина од 20 метри, па лесно би можеле да го исцрпат, но сепак Беноит е решителен во својата одлука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *