Гадафи бара прекин на конфликтот
4 април, 20110
Либија сака конфликтот да запре, рекол либискиот заменик министер за надворешни работи Абделати Обеиди, во разговор со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, вчеравечер во Атина, јавува “Ројтерс“, пренесува Нетпрес.
“Изгледа дека либиските власти бараат решение. Мора да се дојде до сериозно настојување за мир и стабилност во регионот“, рекол грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Друцас, по разговорите.
Обеиди информирал дека по Грција ќе ја посети Малта, а потоа и Турција. Според “Ројтерс“, Папандреу во изминативе два дена телефонски разговарал со челниците на Либија, Катар, Турција и Велика Британија.
Извор: Нетпрес