Гадафи: Земјите членки на НАТО ќе бидат цел на напади

23 јуни, 20110
r335498_1519608
Либискиот лидер Моамер Гадафи го обвинил НАТО за убиство на цивили во бомбардирање на земјата и се заканил на земјите членки на НАТО дека еден ден ќе бидат легитимна цел.
“Тврдите дека прецизно ги погодувате Вашите цели. Убијци!“, рекол Гадафи во обраќање на државната телевизија откако НАТО за прв по неколку месеци бомбардирање призна дека нивните бомби можеби убивале и цивили.
“Еден ден ќе Ви одговориме и Вашите домови“, рекол Гадафи, предупредувајќи за можна војна во Европа, САД и Азија.
Датумот на снимките на говорот на Гадафи биле од 22 јуни, но либискиот лидер го обвинил НАТО за напад извршен на 19 јуни над една семејна куќа во Триполи.
НАТО на 19 јуни ја презел одговорноста за цивилни жртви во текот на воздушните напади на Триполи, соопштувајќи дека во еден напад на складиште за ракети во тој град, во кој загинале девет лица, најверојатно дошло до “грешка во вооружениот систем“.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *