Газдата на “Курир“ во затвор поради злоупотреби тешки 10 милиони евра

21 април, 20110
kurir
Радислав Родич, основачот и сопственик на еден од двата најтиражи весници во Србија, “Курир”и “Глас јавности” е во затвор поради злоупотреба на 10 милиони евра, објавија српските медиуми. Родич беше уапсен на 27 Oктомври 2009 година и најпрво беше обвинет затоа што зел кредит од 22 милиони динари од српската комерцијална банка и не го вратил.
Во јануари 2010 година обвинението против Родич беше дополнето за нови злоупотреби. Тој со уште три лица направиле финансиски злоупотреби со што го оштетиле буџетот на Србија, банки и фирми за уште 10 милиони евра. Во почетокот на Aприл основачот и сопственик на “Курир”и “Глас јавности”  ја призна вината за финансиските злоупотреби. Тој потпиша договор со Обвинителството за скратен судски процес. Така доби две години затвор и треба да врати половина милион евра.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi