Геј парада на српски начин :)))

21 октомври, 20110
Геј парада на српски начин :)))

Филмот “Парада” од Срѓан Драгојевиќ, за група на геј активисти и нивниот “заштитник” премиерно ќе биде прикажан во Сава центар на 31.10.2011 година.

Филмот ја прати групата на геј активистите кои се обидуваат да организираат парада во Белград. Кога полицијата ќе одбие да го обезбедува настанот, тие се обраќаат на Лимон (Никола Којо), сопственикот на агенцијата за безбедност.

Поради тоа што во Белград не може да собере екипа за заштита на геј парадата, Лимон одлучува да формира “тим” во регионот. Лимон и лидерот на геј активистите Радмило (Милош Самолов) тргнуваат на пат по земјите во регионот во кои Лимон војувал во текот на деведесеттите години. На листата се неговите  непријатели против кои се борел, но и со кои тргувал во тоа турбулентно време.

-Роко, хрватски воен ветеран (Горан Навојец) , Халил, ситен криминалец од Босна (Дејан  Аќимовиќ) и Азем, Албанец од Косово (Тони Михајловски).

Поминале низ секакви компликации, Лимон ќе успее да собере неколку платеници, но кога ќе се врати воБелград “самураите” ќе се соочат со најголемите предизвици и ќе ги стават на коцка своите животи…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi