Германските војници биле под тешки дроги

2 април, 20110
germanski vojnici

Во втората светска војна, германските војници користеле тешки дроги, ова е најновиот заклучок на германските доктори кои истражувале новооткриена архива на министерството за здравство на Третиот Рајх.

Ова научно истражување ја објави веста дека повеќе од 100 илјади војници биле дрогирани за време на јуришот на Советскиот сојуз. На нив им биле давани таблети “Перветин”, кои содржат голема количина на кокаин и амфетамини. Од таму и ќе го добиеме одговорот од каде ја имале таа надчовечна храброст, лојалност и издржливост германските војници.

Се проценува дека за време на Втората светска војна, на германските војници им биле ддаени околу 200 милиони таблети “Перветин”. Архивата која е пронајдена укажува на тоа дека и Хитлер земал вакви таблети, но само кога имал забоболка.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *