
Еден од најпознатите италијански дизајнери Giorgio Armani, дизајнирал свештеничка облека за инаугирацијата за монсињорот Domeniko Mogavero во бискуп на островот Пантелерија.
Бискупот бил воодушевен од облеката при што среќен позирал со својот стап. На грбот од неговата облека стоеле симболите на островот меѓу кои се морската ѕвезда, школка и маслинова гранка.
Бискупот изјавил: Јас не сакам да бидам модерен, ова беше по иницијатива на дизајнерот кој го обожува овој остров, па сакаше да ја искористи неговата оригиналност во служба на Бога.