Google отвара канцеларии во Хрватска, Србија и Словенија

popara1 јуни, 20111min00
googlezurich02

Интернет гигантот Google најави дека во текот на месец јуни ќе отвори канцеларии во Загреб, со што ќе ги прошири операциите во регионот на Хрватска, Србија и Словенија.

Со отворрањето на оваа канцеларија, која ќе биде предводена од Јошко Мрнџе, компанијата сака да ја подобри понудата на прозиводите, со што ќе овозможи подобри резултати на пребарување и ефикасни решенија за рекламирање на клиентите и партнерите од регионот.

Овој потег е во согласност со стратегијата на компанијата Google, која се заснова на активна помош на поединци и копмании за да имаат корист од развојот на интернетот.

По ограниченото присуство во Србија и регионот во текот на изминатите години, загребската канцеларија постојано ќе нуди локална поддршка и ќе овозможи на компаниите да остварат профит од развојот на дигиталната економија.

Google за локалните потреби прилагодил веќе петнаесет производи наменети за поединци и компании на пазарите во Србија, Хрватска и Словенија.

Помеѓу нив се наоѓаат “Google Apps”, “Google Maps”, “Google Translate” и други производи кои се наменети да ги олеснуваат бизнисите, а намерата на компанијата е дополнително да прошири поддршка и понуда на локаните компании.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag