Велика Британија треба да го откаже своето учество во вториот спасувачки заем за Грција, а балканската земја треба да биде оставена да банкротира и да се откаже од еврото, објавува весникот “Дејли Телеграф“, изјава на градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон, пренесува Нетпрес.
Според него, проблемите со еврото ја заостриле финансиската криза и предизвикале британскиот министер за финансии, Џорџ Озборн, да “престане да фрла добри пари, за лоши“.
И додека Озборн се подготвува за учеството во европските преговори за договарање на нов спасувачки финансиски пакет за Грција од над 100 милијарди евра, Џонсон тврди дека европскиот монетарен сојуз треба делумно да биде распуштен.
Извор: Нетпрес