Грците ќе почнеле да плаќаат даноци! Научи “куче” да не јаде коска?! Тешко:)

19 август, 20110
116209-protesters-raise-a-greek-flag

Од задолжената Грција доаѓаат добри вести од даночните службеници. Во проверка на даночните пријави, даночните службеници откриле неколку деликатни случаи на даночно затајување. Можеби најбизарниот случај е на еден астролог кој успеал да затаи четири милиони евра, а во даночната администрација се водел како личност без приходи. Ова било потврдено од страна на раководителот на институцијата за истражување на доход (SDOE) Никос Лекас, изјавено за германска новинска агенција.

Според наодите на даночните службеници на листата неплаќачи се нашле и лекари, познати фризери, адвокати, туристички агенции и Универзитетски професори. Речиси 300 професори не пријавиле данок во висина од 1,8 милиони евра од приходите кои ги добиле за истражувачки програми. “Сето тоа сега ќе мора да се плати подоцна”, изјавил Лекас.

Сега, во Грција постои бесплатниот телефонски број (1517) на кој граѓаните ќе можат да дадат свои информации во врска со лица кои не плаќаат данок, а бројот на лица кои се јавуваат од ден на ден е се поголем, известува грчкиот весник “Катимерини”.

Борбата против даночнното затајување го поддржува и Европската унија. Од Брисел за оваа намена се испратени експерти кои ќе им помогнат на своите грчки колеги давајќи им совети и техничка експертиза. Европските експерти нема да ги плаќа само грчкото Министерство за финансии, за нив ќе одвојуваат пари и други грчки министерства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi