Бразилката Катиа Родригез, 48, пати од гигантизам и висока е неверојатни 2,37 метри. Толку е многу висока што неможе повеќе сама да оди. Нејзината мајка Клара почнала да бара помош.
„Бевме кај физиотерапевт и тој рече дека на Катиа ќе и треба посебен придружник за одење. Незнам ни колку тоа чини“, кажала мајката. „Непрекинато таа почна да расте, а успеа да заврши само основно школо.“
Катиа моментално од државата добива бесплатно лечење, а според Гинисовата книга на рекорди таа е повисока од рекордерката, кинескињата Јао Дефен која е висока 2,34 метри.
Највисока жена досега беше исто така кинескињата Зенг Џинлиан со висина од 2,49 метри, но за жал почина во 1982 година на 18 годишна возраст.