Сега и бебе се „врати од мртвите“… Нели е малку чудно, а?

4 август, 20110
bebe

Бразилската полиција соопштила дека новороденчето, девојче било во последен момент спасено да не биде живо закопано, бидејќи почнала да плаче во мртовечницата, каде била однесена откак докторите ја прогласиле за мртва.

Во полицискиот извештај стои дека нејзината 14 годишна мајка била во седми месец од бременоста кога ја родила во болницата во Arax. Само неколку минути по раѓањето лекарите констатирале дека бебето е мртво. Телото било однесено во мртовечница и токму во оној момент кога требало да биде закопано, бебето почнало да плаче. По овој настан, веднаш било однесено назад во болница, каде било сместено во одделението за интензивна нега. Од болницатаго потврдиле овој инцидент, но не соопштиле детали.

Да се потсетиме, пред само неколку дена сличен случај се случи и во Јужна Африка, каде човек по 21 час откако бил прогласен за мртов се разбуди во ладилниците на мртовечницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi