Груевски: До ноември ќе добиеме европска и брза јавна администрација

28 март, 20110
1
Македонските граѓани за шест месеци треба да добијат европска, поефикасна и брза јавна администрација бидејќи во овој период треба да завршат реформите во овој сектор, најави денеска премиерот Никола Груевски. Според него, продолжува електронското поврзување на државните институции, воведување на системот нема погрешен шалтер и ќе се прават измени на уште седумдесетина закони за поголема ефикасност на администрацијата. Реформите, според него, ќе бидат добри и за исполнувањето на европските стандарди.
“Продолжува електронското поврзување на државните институции, по што граѓаните наскоро ќе можат да добиваат документи и по електронски пат. Од неодамна почна да се воведува системот нема погрешен шалтер, со којшто на секој државен службеник му се наложува граѓанинот лично да го одведе до точниот шалтер за услугата што ја бара. За да се обезбеди брза администрација, ќе се менуваат 70-сетина закони со воведување на санкции за службениците коишто нема да  ја завршат навремено работата. Спроведените реформи треба да ја подобрат сликата на Европската Комисија за администрацијата во Македонија“, изјави Груевски.
Според него, граѓаните треба да ги почувствуваат привилегиите од реформата на јавната администрација до ноември оваа година.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *