Мурињо го делеле часови од селекторската клупа на Англија

28 март, 20110
1

Стратегот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо потврди за медиумите дека бил многу блиску до преземање на селекторската функција на англиската репрезентација во 2007-та година. По понудата на Англискиот фудбалски сојуз (ФА) им се заблагодарил решавајќи дека сака ја продолжи кариерата во клупскиот фудбал. Тоа се случило по отказот на Мурињо во Челзи во септември 2007-та година во моментите кога Стив Мекларен пропушти шанса да ја одведе Англија на Европското првенство 2008. “Од потписот на договорот со ФА ме делеа часови. Во последен момент почнав да размислувам: Ќе водам национален тим, се игра еден меч месечно, а останатото време ќе го минувам во својата канцеларија или во гледање натпревари. И да чекам до лето за да се натпреварувам на ЕП или СП? Не, тоа не е за мене”. “Се повлеков во последен момент одлучувајќи да почекам да дојде вистинска понуда, добар клуб, предизвик кој ќе ме мотивира. Тоа беше Интер”, се сеќава Мурињо, кој со “неразурите” освои две титули во Серија А во две години, а победи и во Лигата на шампионите, трофеј на кој Интер чекаше од 1965 година.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi