Хакери украле податоци од милиони корисници на мрежата на PlayStation
28 април, 20110

Sony се извини на своите корисници бидејќи мрежата на PlayStation на 20 април била исклучена. Причината за тоа бил нападот на хакерите, кои успеале да го провалат порталот кој PlayStation 3 го поврзува со игри на интернет и имале јасен преглед на имињата и адресите на корисниците, а можеби и на броевите на нивните кредитни картички.
Оваа мрежа во светот има 75 милиони корисници. Sony спроведува истрага за нападот и ги советува своите корисници да ги следат своите сметки и мејлови.