Пронајдена е статуата на Аменхотеп III
28 април, 20110
![Statue-of-Amenhotep-III-u-007](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/04/Statue-of-Amenhotep-III-u-007-610x269.jpg)
Египетските археолози ја пронајдоа најголемата статуа на Аменхотеп III која е висока 13 метри. На статуата и фали главата и се состои од седум огромни блокови. Таа е пронајдена во неговиот храм во Луксор.
Оваа статуа е една од двете огромни статуи кои стоеле на северниот влез во големиот храм кој се наоѓал на западниот брег на Нил, а сега на ова место се извршуваат обемни археолошки истражувања.
Инаку Аменхотеп III владеел во 14 век п.н.е.