Hangover 2 повторно се соочува со тужба, овојпат за фалш чанта Lоuis Vuitton

23 декември, 20110
Untitled-111111111

Ворнер Брос, компанијата која стои зад второто продолжените на Hangover, се соочи со тужба заради Луи Витон чанта која се појавува во филмот, а за која дизајнерите велат дека е фалсификат.

Во еден момент во филмот, ликот на Зак Галидинакис носи чанта од брендот Луи Витон и му се обраќа на својот пријател: „Еј биди внимателен, тоа е Луи Витон“.

Сепак, од компанијата Луи Витон тврдат дека се работи за чанта од брендот Diophy, кинеско американска компанија која прави копии на моделите на Луи Витон и врз која веќе се поднесени неколку тужби.

Луи Витон бара дел од профитот на филмот, како и отстранување на сцените со чантата фалсификат. Од Ворнер Брадерс сеуште немаат никаков коментар.

Пред неколку месеци еден сопственик на салон за тетоважи ја тужеше компанијата бидејќи во филмот ликот на Ед Хелмс има иста тетоважа како онаа која tattoo уметникот ја направил за Мајк Тајсон.

Во октомври сценаристот Мајкл Алан Рубин ја тужеше компанијата бидејќи наводно вториот дел на Hangover се заснова на неговото сценарио Mickey and Kirin, посветено на авантурите во Азија.

Последната тужба кон компанијата дојде од страна на каскадерот Скот Меклин, кој бараше оштета за повредите здобиени во текот на снимањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma