Холанѓаните се повеќе ги нервираат дрогираните туристи

30 септември, 20110
2222222222

Градот Мастрихт, кој се наоѓа во јужниот дел на Холандија, одлучи да ја промени локацијата на три кофи шопа во кои е дозволено консумирањето на марихуана, поради се понапорните и досадни дрогирани туристи.

Овој град годишно го посетуваат 2 милиони туристи, главно поради ваквиот тип на кафетерии каде се консумира марихуана, а во буџетот се инкасираат околу 250 милиони евра.

Меѓутоа ваквиот „дрогирани туристи“ се повеќе им пречат на жителите, поради нередите, гужвите и нападите кои ги предизвикуваат. Трите кофи шопа, “Smokey”, “Missisippi” и “Missouri”, ќе мораат да се преелат на локација три километри од центарот.

Исто така, од 1 октомври на сила стапува и законот со кој се забранува пушењето марихуана во кофи шоповите  за сите посетители кои не се од Холандија, Белгија или Германија, за да се намалат проблемите со агресивните поединци.

Холандија уште од 1976 година одобри поседување на канабис од највеќе 5 грама, под изговор на т.н. „праг на толеранција“, а во кафетериите специјализирани за тоа ни во еден момент не смее да се има на залиха повеќе од 500 грама марихуана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi