Мислите дека 4,3 инчниот Sensation кој HTC неодамна го претстави е премногу гломазен за еден мобилен телефон? Но, сепак од HTC не размислуваат така, бидејќи во јавноста протекоа информации и фотографии од новиот, уште поголем HTC Android. Се работи за моделот кој ќе се вика HTC Holiday, пренесува Pocketnow.
Holiday ќе има qHD 4,5 инчен екран со резолуција од 960×540, со двојадрен процесор на 1,2GHz, опремен со 1GB RAM и камера со резолуција од 8 мега пиксели. Софтверот ќе биде Android во верзијата 2.3.4.
Цената, достапноста и датумот на појавување на пазарот се уште не се познати. Инаку, HTC не е првиот кој се одлучи да понуди телефон со толкава големина, бидејќи неодамна Samsung го претстави својот Infuse 4G, со слични хардверски карактеристики, но на стара верзија на Android.