И Италија ги забрани бурките
3 август, 20110
Комисијата на италијанскиот парламент денеска го одобри предлог-законот со кој се забранува на жените од муслиманска вероисповест во јавност да го покриваат лицето со традиционалните муслимански шамии. Комисијата за уставни прашања го усвоил нацрт-законот според кој на жените им е забрането да носат бурка на јавни места, или друг сличен превез кој го покрива лицето, пренесува АП.
Лицето кое ќе ја примора жената да го покрие лицето надвор од својот дом ќе биде парично казнето со 30.000 € и можна затворска казна во траење од една година, пишува агенција АНСА.