И лоповите имаат свој ден
6 април, 20110
Грабежите на банки во САД најчесто се случуваат во петок после пладне, објави ФБИ. Грабежите најчесто се случуваат во јужните и западните сојузни држави. Минатата година се регистрирани 5546 грабежи во банки, штедилници и други финансиски институции. При тоа биле украдени повеќе од 46 милиони долари. Најмногу грабежи се случиле во Калифорнија 805, потоа во Тексас 464, додека во Северна Дакота се забележани само 2.