И официјално! Нинџа “женки“ во Белгија – заборави!

24 јули, 20110
burka

Две жени облечени во бурка решија да ја оспорат забраната за носење бурка пред белгискиот уставен суд, пренесуваат белгиските весници во саботата.
Забраната за носење бурка во јавност, бидејќи се покрива целото лице стапи на сила во саботата во Белгија, но две жени изјавиле дека имаат намера да го оспорат на суд.
Белгија е втората европска земја која после Франција го усвојува овој закон за забрана на носење бурка на јавни места. Законот бил освоен од парламентот уште во април и предвидува парична казна од 137,5 евра и до седум дена затвор за сите прекршители.
“Сметаме дека законот директно влијае на основните права на слобода, вклучувајќи ја и слободата на вероисповест, изразување, личната слобода и правото на приватен живот. Тоа е мерка на дискриминација ” изјави Ines Wouter адвокатот на двете жени, за весникот La Libre Belgique.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi