И животните „откачија“! Се отвара прва зоолошка градина за геј животни!

3 ноември, 20110
gej-zivotinje

Покрај тоа што во Сан Франциско има најголема геј заедница, сега тој ќе биде и првиот град каде ќе се отвори зоолошка градина за геј животните.

„Многу сме возбудени што ќе бидеме домаќини на геј животните. Нашето општество е разновидно, па така и нашето животинско царство е различно, зошто да не ја славиме оваа разновидност“, изјавил директорот на градината Лајонел Виберли.

Професорот Хозе Арагон, од Универзитетот во Сан Франциско од одделот на зоологија, изјавил дека е факт постоењето на хомосексуални и бисексуални животни, особено тоа е случај кај мачките. Додал дека не постои причина зошто овие животни не би требале да добијат шанса да живеат со сличните на себе.

Иако изградбата на оваа зоолошка е се уште под знак прашалник, десничарските партии веднаш ги осудија и критикуваа плановите за оваа градина. Додале дека е неприфатливо да се трошат пари на вакво нешто.

Според плановите зоолошката градина за геј животни треба да се отвори следното лето, а според некои изјави хомосексуалците и другите сексуални малцинства ќе имаат попуст за влезниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi