Иднината на сексот: Стисни Ctrl+Shift+O за оргазам!

28 октомври, 20110
Priyanka-Chopra-sex

Во иднината ќе имаме можност за носење на електронски склопови во својата кожа кои ќе можат да снимат сигнали на нашиот нервен систем за време на сексот и да ни овозможат подоцна тоа искуство повторно да го почуствуваме, тврди футурологот Јан Пирсон.

Пирсон ја опишува иднината (околу 2030 година), во која сензорите ќе бидат доволно софистицирани за откривање и мапирање на збирки поттици кои создаваат одредени искуства на осет – било некој да се ракува со вас, гушка, или води љубов, пишува магазинот Wired.

Идејата за стимулирање на нервниот систем, во потполност, на ист начин – со одговорачки притисок, топлина и движење – повторно може да креира искуство. Луѓето би можеле да го користат овој вид на технологија кога се одвоени од своите партнери, или уште поверојатно, кога немаат партнер.

„Би можеле да снимиме огромни библиотеки сензорни искуства на славните порноѕвезди и би можеле да доживеме како тие всушност се чувствуваат”, изјавил Пирсон за Wired.

Исто така, Пирсон верува дека во иднината ќе можете да имплантирате чип во мозокот кој би можел повторно да ви го креира чувството. „Тогаш би било многу лесно, како да стиснете Ctrl+Shift+O за оргазам”, објасни Пирсон.

Ако имате можност да ги лоцирате и снимате чувствата, тогаш ќе може да ги раздвоите од телесните активности. Тоа значи дека би можеле да го доживете чувството секс само со допирање на уредот, и тоа ќе ги стимулира одговарачките нервни завршетоци.

Ова звучи како Морфиус од филмската трилогија The Matrix: „Ако реалноста е тоа што може да го почуствуваш, помирисаш, вкусиш и видиш, тогаш едноставно ‘реалноста’ се електричните сигнали интепретирани од твојот мозок.”

Сепак Пирсон предупредил дека „ако се изгуби поврзаноста помеѓу физичките активности и задоволствата”, во потполност можеме да заборавиме на страната која се однесува на љубовните односи.

Пирсон за иднината на сексот, спиењето и играњето ќе говори на конференцијата „If”, која ќе се одржи од 25, до 26 ноември во Royal Geographical Society во Лондон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma