Имаше ли мртви на границата помеѓу Косово и Србија? На Тадиќ не му се војува, а на србите на Косово?

27 јули, 20110
Имаше ли мртви на границата помеѓу Косово и Србија? На Тадиќ не му се војува, а на србите на Косово?

Ненајавените разместувања на специјалните сили на косковската полиција во северниот дел на Брњак и Јариње, ги започнаа новите конфликти во таа држава. Министерот за внатрешни работи на Косово изјавил дека во судирите се ранети вкупно пет специјалци, а еден им подклекнал на повредите.

За потсетување, србите кои не ја признаваат власта на Приштина го блокираа магистралниот пат Косовска Митровица – Рашка во селата Рударе и Лепосавиќ. На тоа се одлучија поради обидот на косовската полиција за ги заземе премините и со тоа да воспостави власт во северниот дел на земјата.

И покрај српските барикади, властите од Приштина на крај сепак успеаа да ја преземат контролата над Брњак, а неколку часа по доцна го заземале и Јариње.

Косовската полиција започнала да се повлекува од граничниот премин

РТС објавила дека договор е постигнат и дека околу 11 часот започнало повлекување на косовската полиција од Јариње, а се очекува скоро повлекување и од Брњак. Но без оглед на се, србите најавија дека ќе продолжат да го блокираат патот се додека не биде познат составот на вработени кои ќе бидат на премините. Се истакнало од официјални лица дека составот не би требало да се разликува од составот на локалното население.

Радио Телевизија Косово утрово објавија дека премиерот Хашим Тачи наредил на граничниот премин Јариње бидат испратени уште припадници на специјалните единици познати под името Rose. Косовскиот премиер побарал и од силите на КФОР поддршка за да се тргнат барикадите и кај местото Лепосавиќ, кои биле поставени од локалните срби за да се спречи навлегувањето на косовската полиција.

Косово прогласи независност од Србија, 2008 година, а сега е најмладата европска држава признаена од 77 земји.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=wBZUTitmO9Q

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi