Импресивниот Portabello во Оринџ Каунти
26 декември, 20110
![1](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/12/1749.jpg)
Овој неверојатен комплекс, наречен Portabello, што на италијански значи „убава врата”, се наоѓа во Орунџ Каунти, Калифорнија. На имотот од 2.044 квадратни метри, кој се наоѓа на крајбрежјето, има 8 соби, 10 тоалети (и 5 полу-тоалети) и 2 базени со солена вода. Покрај тоа има и просторија за куглање, гаража која собира дури 16 автомобили, кино и авто-музеј. Portabello во 2010 беше продаден за 34,1 милиони долари.