Microsoft и Nokia размислуваат за купување на RIM

26 декември, 20110
0346007.42

Amazon не е единствената компанија која размислува да ја купи Research in Motion, канадската компанија која го произведува BlackBerry.

Според пишувањата на Wall Street Journal, Microsoft и Nokia исто така разговарале за поднесување на заедничка понуда за купување на RIM. Сепак, засега изгледа дека станува збор само за разговори.

Имено, засега сеуште не е поднесена никава понуда, а WSJ наведува дека е „нејасно колку внимателно RIM бил вклучен во билокакво преговарање со Microsoft и Nokia за превземање”.

Тешко е, мора да се признае, да се замисли зошто Microsoft и Nokia сега би правеле една таква аквизиција, посебно зошто станува збор за компанија која има некомпатибилен софтвер и прилично застарен хардвер.

Nokia веќе ја стави својот влог во иднината на Windows Phone платформата на Microsoft, а што се однесува до Microsoft, тој нема да добие некоја голема помош од RIM, бидејќи најдобрата особина на RIM е enterprise, односно софтверот кој се користи во организациите (на пр. бизнис и влада), а тука Microsoft и така е веќе доминантен на пазарот.

Најголем проблем со кој се соочува канадската компанија е фактот дека оваа година пазарната капитализација паднала под вредноста на имотот, па поради тоа има некоја логика ривалските компании да размислуваат за можноста за нејзино превземање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber