Сакате да си го преуредите својот досаден стан и да внесете малку живи бои во него, но се плашите боите да ги потсетат гостите на циркус? Со боите немора да претерувате, довоно е да изберете нијанси на иста боја која кои ќе го исполните просторот. Со тоа исто ке можете да ставате детали на друга боја и ќе видите како сето тоа ќе се вклопи. Ви предлагаме некојлку необични комбинации на бои, кои прекрасно изгледаат во станбен простор.
Тиркизна и кремава
Овие две бои изгледаат елегантно и делуваат смирувачки, а посебно се добри за дневна соба и спална.
Потемно кремава и златна
Комбинирајќи ги овие две бои за малку пари ќе добиете раскошен и луксузен изгед на просторијата. Поготово ако сакате афрички мотиви кои цврсто се вклопуваат со овие бои.
Светло сина и светло зелена
Овие две наизглед неспоиви бои, особено ги освежуваат детските соби и канцелариите, а посебно си симпатични ако ѕидовите ги бојадисате во пруги.
Светло сива
Оваа боја дава младалачки тренди изглед на секој простор, а може да се комбинира со бела и црна боја што е уште потренди.
Темно зелена и боја на лаванда
Оваа необична комбинација на бои ќе ви даде смирен, а воедно и елегантен изглед на вашиот тоалет, балкон и работната соба. Во големи вазни можете да ставите лаванда и така потполно ќе ја надополните комбинацијата.
Уживајте!