Ураганот Ирена ги зема првите жртви

28 август, 20110
alkohol-1

Ураганот Ирена во попладневните часови пристигнал на брегот на Северна Каролина, и до сега однел четири животи, вклучувајќи и едно дете. Момче (11) починало откако дрво пробило во станот каде што живеело. Спасувачите со часови копале по урнатините пред да го најдат неговото тело. Едно лице го загубило животот удирајќи со автомобил во дрво, додека друго лице го загубило животот откако паднало дрво врз него, третото лице починало од срцев удар барајќи засолниште од ураганот, известува МСНБЦ. Еден човек од Нов Хановер се смета за исчезнат откако паднал во реката Кејп Фиар.

Повеќе од 300.000 луѓе во Вилмингтон останале без електрична енергија. На патиштата имало до 25 см вода, и повеќето биле блокирани, од срушените дрвја. Иако ураганот е со ослабен интензитет тој полека се движи кон Вашингтон, Њујорк и Бостон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi