Интернетот му припаѓа на сите нас

20 април, 20110
internett

Од 25 мај оваа година, земјите од ЕУ ќе мора да почнат со примена на новитезакони во областа на телекомуникацискиот сектор. Новиот сет на закони се поврзани со транспарентноста, квалитетот  на услугата и остварување на принципите на отворен и неутрален интернет. Нили Круз, комесарот на Европската комисија за дигитална агенда, изјави дека интернетот е едно од најзначајното заедничко добро и дека со  него мора да се управува транспарентно и внимателно. “Сигурна сум дека ќе се согласите со мене кога велам дека вредноста на интернетот лежи во фактот дека тој им припаќа на сите“, изјавила Круз.

Новата регулатива која ќе мора да ја следат европските компании за телекомуникација се заснова на три клучни точки. Првата е транспарентност на услугата. Корисниците ќе мора прецизно и детално да бидат информирани за тоа какви услуги одреден интернет провајдер ќе им ги дава и кои се реалните брзини на протокот на информации кои тие можат да го очекуваат. Корисникот ќе мора да знае каква реална, вистинската брзина ќе може да очекуваат, а не некоја хипотетичка “до толку и толку“ брзина, која може да се постигне доколку  некој од комшиите не користи интернт во истиот момент“, наведено било во официјалното соопштение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi