iPhone 5 на почеток на септември?

15 август, 20110
iPhone 5 на почеток на септември?

Порталот MacRumors ја пренесе информацијата од друг јапонски портал дека Apple ќе одржи конференција на 7 септември, каде би можел да биде претставен и новиот iPhone.

Септемвриските конференции на оваа компанија веќе станаа традиција, се одржаа во изминатите три години и тоа секогаш во првата половина од месец септември. Минатата година на таква конференција беа претставени и новите производи од  iPod линијата, а оваа година се вели дека можеме да очекуваме да го погледнеме новиот  iPhone. Ако ова сценарио се оствари, iPhone 4G/5 во продажба би се нашол од месец октомври.

За новиот iPhone се шпеклулира веќе неколку месеци, а за тоа време се појавија многу лажни дизајни, разни информации, лажен сајт како што е и овој во прилог на видеото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi