Поминале цела ноќ на жичара 100 метри над земјата

15 август, 20110
dorfjtNatrun

20 лица цела ноќ ја поминале висејќи на жичара 100 метри над земјата поради дефект кој го предизвикал параглајдерист кој се удрил во каблите и успеал да го блокира моторот на жичарата. Овој настан се случил во петокот попладне во близина на замокот Нојшванштајн во Баварија, во јужниот дел на Германија.
Еден од патниците успеал да излезе од кабината пред да се стемни, додека останатите 20 лица останале во 12 м2 да висат цела ноќ.
Спасувачите успеале да ги извадат во саботата наутро, со помош на три хеликоптери. Сите патници биле се живи и здрави, со претрпен мал стрес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *