Истиот предизвикувач на сите АЛС болести

24 август, 20110
20013718754e52ab676a8b3801087712_orig

Расипаниот механизам на рециклирање во клетките на мозокот и р’бетниот мозок е вообичаен предизвикувач на сите облици на амиотрофични латерални склерози (АЛС), со трагично неуродегенеративно пореметување, познато и под називот Лу Геригова болест.

Проблемот лежи во системот за рециклирање протеините кои градат во внатрешноста на неуронот, го утврдија американските стручњаци на чикашкиот Нортвестерн универзитет.

Истиот проблем е во сржта и на наследните и ненаследните форми на АЛС, како и во формите познати како АЛС/деменција, има утврдено чикашкиот тим.

Станува збор за недостаток на делување на хемиското соединение убиквилин2, чија задача е да овозможи рециклирање на оштетените протеини во неуронот. Кога убиквилин2 не функционира, отпадните честички на нерециклираните протеини се таложат во клетката, предизвикувајќи тешки оштетувања.

Со ова откритие се отвараат сосема нови можности во барање на лек против горенаведената болест, истакнува чикашкиот тим.

Од АЛС во светот заболени се околу 350.000 луѓе, од кои голем дел се малди возрасни особи. Пациентите прогресивно губат сила во мускулите, со време останувајќи парализирани или неспособни да зборуваат, голтаат или дишат.

Болеста го има добиено името по некогашната американска бејзбол ѕвезда Лу Гериг, кој од неа има починато во 1941 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi