
На вториот концерт во Нови Сад Дарко Рундек беше непријатно изненаден. Пред да излезе на сцена, тој забележал дека неговата омилена црна кошула ја нема. Таа некако исчезнала од соблекувалната.
Кога излегол на сцената ова непријатно искуство го споделил со многубројната публика. Но, изгледа дека и вредело да се каже. “Крадецот” на кошулата некако неприметно ја вратил кошулата на своето место, па кога Дарко влегол на паузата во соблекувалната се израдувал што неговата омилена кошула е повторно само негова.