Витамин Ц за подобро расположение

22 март, 20110
vitaminn-C

Констатирано е дека витаминот Ц ја подобрува состојбата на умот на акутно болните пациенти. Според една нова студија се смета дека лекарите би можеле да ја подобрат емотивната состојба на овие пациенти едноставно со препишување на една доза витамин Ц.

Иако може ова да звучи неверојатно, канадските научници го тврдат ваквиот ефект. Тие направиле една студија во која вклучиле акутно болни лица на кои им било давано витамин Ц или витамин Д. Резултатите покажале дека лицата кои земале витамин Ц, значително им се подобрило расположението отколку на оние пациенти кои земале витамин Д.

Претходните студии покажале дека повеќето акутно болни лица имаат недостаток на витамин Ц. Кај нив било измерено ниво на витамин Ц како кај болните од скорбут, болест која се јавува заради недостаток на овој витамин.

Храна која е богата со витамин Ц се: зелените пиперки, јагоди, домати, брокула, малини итн.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi