
Борбен авион од типот Ф-15Е, на американската армија, денеска се урнал во едно поле во Либија поради технички дефект.
Пилотот и копилотот успеале да се катапултираат од леталото, пред тоа да падне, а ги спасиле либиските бунтовници, објавува бритнаскиот весник “Дејли Телеграф“, пренесува Нетпрес. Леталото паднало во близина на упориштето на либиската опозиција, Бенгази. Пилотот и копилотот имале лесни повреди. Едниот од нив веќе бил преземен од американската армија, додека се чека бунтовниците да го предадат вториот член на екипажот. За падот на авионот известил дописникот на овој весник во Либија.


Извор: Нетпрес