Јапонија разгледува масовно иселување на жителите од североистокот

4 април, 20110
japan-earthquake
Јапонските власти разгледуваат план за масовно иселување на жителите од североисточниот дел на земјата, опустошен од земјотресот и од цунамито минатиот месец, објави новинската агенција “Кјодо“, пренесува Нетпрес.
Повикувајќи се на владини извори, агенцијата јавува дека, според планираното, жителите на крајбрежните зони ќе бидат повикани да се преселат во повисоките реони. Исто така, јапонската влада планирала и да откупи земја во погодените региони. Се предвидува и да бидат изградени нови градски средини, кои ќе можат да одолеат на удари на цунами бранови, а со тоа же му се овозможи на населението да продолжи да живее во близина на морето. Плановите за масовно селење, сепак може да предизвикаат контра ефект, коментира “Кјодо“.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi