Јапонија иако се наоѓа во најголемата криза во историјата сепак успева да направи успеси кои се важни за целото човештво.
Минатата недела јапонски физичари објавија дека успеале од едно место на друго да телепортираат честички светлосни зраци. Ова остварување се темели на многу необична појава во квантната физика која се нарекува спрега на честички.
Нешто налик Звездени патеки, научниците успеале светлоста на едно место да ја уништат и да ја создадат на друго место, односно да ја реконструираат.
Овој подвиг е признаен од светските научници, и тие сметаат дека ова е подвиг кој ќе направи чекор напред во телепортирањето на предмети. Со ова ќе може да се помогне во иднина да се телепортираат и нешто многу посложено од ова.