Јариње и Брњак прогласени за воени зони

29 јули, 20110
slika50322

Командантот на КФОР Ерхард Билер изјавил дека НАТО одлучил Јариње и Брњак да бидат прогласени за воени зони и во случај на напад ќе биде употребена боева муниција.
“Не можам да ја исклучам можноста за друг обид за напад. Двата гранични премини се прогласени за забранети воени зони и правилата се многу јасни”, изјавил Билер.
“Војниците можат да го користат своето оружје, можат да го употребат за своја самоодбрана, но и за одбрана на сите луѓе кои се овластени да работат на премините”, изјавил Билер.
На американските војници на КФОР им било наредено да ги отстранат сите барикади во близина на селото Зупче.

Владата на Србија денеска побарала од претседателот на Собранието да закаже вонредна седница.
“Поради насилната операција и обидот за преземање на контролните пунктови на граничните премини Јариње и Брњак од страна на косовската специјална полиција, не постои желба за воспоставување на закон и ред, туку намерата е по цена и на човечки животи да се наметнат промени на вистинската реалноста на северниот дел на покраината”, било наведено во соопштението на Владата на Србија.
Шефот на преговарачкиот тим на Белград, Борислав Стефановиќ, изјавил по разговорите водени денес во Зубин Поток дека КФОР излегол од рамките на резолуцијата 1244.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *