Јована сака Жељко да и’ купува скапа долна облека

1 април, 20110
0
Популарната водителка Јована Јанковиќ е вљубеник во модата, таа има многу парчиња гардероба од познати модни креатори. Особено сака да има убава долна облека и обожава да ја купува, но и да и’ ја подаруваат, пишува “Ало“, пренесува НетПрес.
Познатиот српски пар, Јована Јанковиќ и Жељко Јоксимовиќ признале дека сакат да носат гардероба од познати модни креатори, па зошто да не кога пејачот од еден настап заработува од 10 до 15 илјади евра.
“Не мора да имате два капути доколку не сте во можност да си ги купите. Носете еден, но важно е да имате убава и квалитетна долна облека на себе“, изјавила Јована во една прилика.
За нејзината љубов кон долната облека Жељко многу добро знае, па кога се враќа од патување често ја изненадува со некој убав комплет на долна облека од познат креатор.
Но, и Жељко сака да биде облечен со брендирани парчиња, па оттука парот многу пари троши на гардероба. Но, како што би се рекло – им се може, имајќи во предвид дека српскиот пејач заработува многу.
Вчера, околу 12,30 часот парот се појавил на белградскиот аеродром, од каде за половина час имале лет за Црна Гора. Видно расположени, Јована и Жељко ги чекирале картите, но, не биле расположени да зборуваат за нивните емоции.
“Не би коментирала ништо, за се’ што сакате да знаете прашајте го Жељко“, било се’ што рекла Јована.
За разлика од неа, Жељко на прашањата на новинарите одговарал дипломатски.
“Се’ е супер, одиме да се одмориме од се’ и да уживаме во убавото време. Се’ испадна најдобро“, изјавил Жељко.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *