Австралиската пејачка Кајли Миног во последното свое интервју на прашањето дали би сакала да снима дует со Бритни, одговори дека би било одлично.
Јас ја почитувам Бритни како музичар, и двете соработуваме со исти луѓе и би било одлично да снимаме дует, одговорила Кајли. Таа во својата изјава додала и дека е импресионирана од настапот на Бритни кој го имаше во Лас Вегас за кој беа напишани многу позитивни критики.