Механичка птица

29 март, 20110
ptica

Механичката птица со далечински управувач, која симулира движење на реалните летачи, неодамна беше направена во САД. Таа е толу веродостојно изработена, што додека лета на небото изгледа како вистинска птица. Научниците ја создадоа птицата робот со совршени мимики и движења. Контролирана со далечински управувач, птицата може да лета на неколку стотини метри висина. Роботот птица тежи 450 грама, опашката и главата се мрдаат лево десно. Фирмата “Фесто“ ја направи паметната птица според моделот на морски галеб.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *