Како ЦИА го октрила Осама бин Ладен

3 мај, 20110
APTOPIX Pakistan Bin Laden
Осама бин Ладен бил лоциран и локвидиран благодарение на информација, добиена пред неколку години од затвореници во Гвантанамо, објавуваат британските и американските медиуми, пренесува Нетпрес.
Еден од затворениците кажал дека водачот на Ал Каеда одржува врска со светот преку курир.
Германската новинска агенција ДПА објави дека ЦИА стигнала до засолништето на Бин Ладен следејќи го токму неговиот курир. “Дојче Прес Агентур“, за оваа информација, се повикува на американски извори, кои инсиситирале на анонимност. Курирот му бил пулен на Халид Шеих Мохамед, мозокот на терористичките напади на 11 септември, 2001 година, кој сега е во затворот во Гвантанамо.
Според американската новинска агенција “Асошиејтед Прес“, Мохамед и неговиот наследник Абу Фараџ ал Либи, биле подложени на сурови испрашувања во тајни затвори на ЦИА, во Полска и во Романија. Токму на едно од тие сослушувања, Мохамед го открил тајното име на еден од најдоверливите соработници на Бин Ладен. Американските разузнувачки служби оттогаш го знаеле само тајното име на курирот, но пред четири години успеале да го откријат неговиот вистински идентитет. Уште дополнителни две години им биле потребни за да утврдат во кои реони на Пакистан тој дејствува. Огромен напредок во гонењето на “терористот број еден во светот“ имало во август, лани. Била утврдена точната адреса на куќата, во која живеел курирот. Токму во тој објект, во неделата, бил ликвидиран Бин Ладен.
Куќата во пакистанскиот град Аботабад била осум пати поголема од сите останати во тој регион, а на само неколку стотина метри од неа се наоѓа главната воена академија на Пакистан. Комплексот се простирал на површина од три декари, заобиколен со ѕидови високи од 4 до 6 метри, на чиј горен дел имало бодликава жица. Имало поставено и огромен број на безбедносни камери. Покрај ова имало и други нешта кои го правеле објектот сомнителен.
Оние кои престојувале во оваа куќа го палеле ѓубрето, за разлика од соседите, кои го оставале пред врата за надлежните служби да го соберат. Објектот речиси и да немал надворешни прозорци, а исто така немал ниту телефонска врска, ниту пак интернет. Живееле три семесјтва. Едно на курирот, едно на неговиот брат, а за третото нема податоци. Според неофицијални информации, третото семејство всушност било она на Осама бин Ладен. Таму биле тој, неговата најмлада жена и неколку негови роднини.
Во септември, 2010 година, ЦИА доставила извештај до американскиот претседател Барак Обама, во кој навела дека има голема веројатност токму во таа куќа во Аботабад, да престојува Осама бин Ладен. Почнувајќи од 25 март, година, Барак Обама имал неколку состаноци, во врска со планирање и реализација на ликвидацијата на светскиот терорист број еден. Наредбата за спроведување на операцијата била потпишана во петокот. Во неделата рано наутро, од една од воените бази во Пакистан, за исполнување на планот, тргнала мала група припадници на специјалната единица на военопоморските сили на САД. 24 припадници на единицата “Seals“-(Фоки), тргнале во акција со четири хеликоптери. Пакистанските власти воопшто не биле информирани за операцијата.
Хеликоптерите се спуштиле во дворот на куќата. Едниот од нив се расипал. Специјалците опремени со ноќни визири, почнале да упаѓаат во куќата. Акцијата траела околу 40 минути. Бин Ладен и и останатите пружиле отпор. Според Белата куќа, лидерот на Ал Каеда се обидел да се сокрие зад неколку жени. Новинсиата агенција “Ројтерс“ објави дека токму една од нив загинала. Информациите на Белата куќа се дека таа е една од неговите сопруги.
Советникот на претседателот на САД, задолжен за прашања за тероризам, Џон Бренан, пред новинари изјавил дека судејќи според положбата на телото на жената, таа биа искористена како жив штит, но не се знае дали самата застанала или пак била ставена од Бин Ладен, или пак можеби од неговиот син, за да им послужи како заштита од куршумите. Се претпоставува дека меѓу убиените е и еден од синовите на водачот на Ал Каеда.
Во пукотниците Бин Ладен бил застрелан со еден куршум во левото око.
Откако бил ликвидиран, и операцијата завршила, американските специјалци го зеле неговото тело и излегле во дворот на куќата. Хеликоптерот од типот “Black Hawk“-(Црн Јастреб), кој се расипал го кренале во воздух со експлозив, а по нив дошло ново летало. Заминале во американската база “Баграм“, во Авганистан. Таму биле земени примероци од телото на Бин Ладен за да се изврши ДНК анализа. Идентификацијата траела цели 18 часа. По ова телото било погребано во морето, но местото каде тоа било направено не се открива. Со сигурност од 99,9 отсто, ДНК анализата потврдила дека тоа е Осама Бин Ладен, соопштиле двајца претставници на администрацијата на американскиот претседател.
Жителите на пакистанскиот град Аботабад воопшто не знаеле дека Бин Ладен се крие таму, јавува “Ројтерс“. Во неделата тие биле разбудени од силни експлозии од спроведување на специјалната операција.
“Излеговме од своите домови и тргнавме кон куќата од каде се слушаа пукотници и експлозии. Во дворот на објектот имаше воени возила“, раскажал Мохамед Идриз, кој живее на околу 400 метри од нападнатиот имот.
Друг сосед изјавил дека видел командоси како го опколиле имотот, а над куќата цело време кружеле три хеликоптери.
“Одеднаш од куќата почна да се пука кон хеликоптерите. Стрелбата беше интензивна, а потоа видов како едно од летала се спушти“, рекол тој.
Според него во куќата веќе 10 години живеел некј старец.
“Тој не се дружеше многу со соседите и не беше особено забележителен“, рекол Захур Ахмед.
“Тешко е да се верува дека Бин Ладен бил таму. Никогаш не сме забележале некакви необични случувања“, изјавил Адрес Ахмед, исто така сосед.
Пакистански војници, следниот ден, ги сопреле новинарите кои сакале да се доближат до местото.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *