Како да ја заведете? Научете кои типови на мажи се неодоливи за жените

6 јуни, 20110
maz1

Иако не постојат строги правила или ултимативни решенија, постојат некои типови на мажи, на кои жените најчесто паѓаат. Доколку сакате да освите некоја жена можеби треба да го прочитате ова! Жените сакаат:

Бунтовник без причина. Џејмс Дин е синоним за бунтовник без причина. Тој сака да биде посебен, а ни самиот не знае зошто. Но, ние жените знаеме. Тоа е заради незаинтересираниот став кон останатиот свет. Тој е сам против се, а ние сакаме да бидеме негова половина. Авантури, недозволени работи, кршење на правилата… се она за што сонуваат добрите мамини девојчиња. Еден дел од жените едноставно уживаат во ваквиот однос, а другата половина сака да ги промени правилата и текот на работите, а тоа ќе го постигне со токму ваков маж покрај себе. Овој маж има спокоен и збунет поглед на кој паѓаат многу жени. Но, овој маж е привлечен за жените кои се во 20-те години, или на оние кои се опаметуваат покасно или не доволно.

Уметник. За разлика од бунтовниците, уметниците го имаат тој несекојдневен однос кон работите природно, затоа и се толку привлечни за жените. Тоа се мажи кои живеат во посебен свет, кој на жените им изгледа толку недостижен и бајковит. Кога го слушаат како раскажува со часови за длабочината на една песна, една сцена од филм… тој и дозволува влез на жената во неговиот нереален свет. А, жената се чувствува посебно бидејќи успеала да освои маж кој е несекојдневен и човек кој ги руши правилата на секојдневието. А кога ќе влезете во неговиот “мистериозен”свет, сфаќате дека не е ништо поразличен од другите.

Недостижен. Секоја жена имала по некој ваков маж во животот. Маж кој го гледа и со години посакува да биде во негова близина, а тој или има девојка или е женет или премногу мистериозен за да дознае нешто за него. Некои жени ја имале шансата да му се приближат и да откријат дека неговата магија исчезнува со блискоста, а некои остануваат заробени од неговата способност да покажат чувства. Но, како што животот не е филм, така и недостижните некогаш остануваат такви. Засекогаш запамтени како идеални мажи за нас, а никогаш не сме ја имале шансата да бидат наши. И ќе бидат идеални, затоа што недостижноста ќе ги сокрие сите негови маани.

Заводник. Шармантен, учтив, паметен, духовит, и во повеќе случаи згоден. Тој има магична способност да привлекува, во негово друштво секоја жена се топи и се смее на секоја негова шега. Да, тој е заводник и е многу свесен за тоа. Тој точно знае како и кога треба да направи нешто. Барем еднаш, секоја жена има паднато на зборовите на еден заводник. Убаво е кога некој така “професионално”ќе те заведе, но лошо е кога “професионално” ќе те остави.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber