Денес постојат милиони веб-сајтови на Интернет, пред 20 години ништо од тоа не постоело.
За пронаоѓањето на World Wide Web, заслужен е човекот на фотографијата.
Првиот веб-сајт на интернет е објавен во 1991 година. На страната имало информации поврзани за проектот World Wide Web, а ја изработил Тим Бернерс-Ли. Страната била поставена на NeXT компјутерот во Европската организација за нуклеарно истражување (ЦЕРН).
На страната имало информации за тоа како сами да создадете свој веб-сајт, но имало и објаснување што е тоа хипертекст.