Како на Див Запад

9 јули, 20110
divzapad

Исто како во старите филмови за дивиот Запад, бил ограбен во з во Франција, јавија тамошните медиуми.

Група на маскирани лица го ограбила патничкиот воз во јужниот дел на Франција и тоа во ист стил на холивудските филмови кои сме ги гледале за Дивиот Запад.

Нападот се случил на влезот во Марсеј, каде дваесетина разбојници на пругата поставиле барикади  од метални греди и количка од супермаркет.

Возот се обидел да премине преку препреките но на крајот морал да застане. Крадците ограбиле неколку вагони, а потоа избегале. Сведоците кажуваат дека биле ограбени 26 патници од возот.

“Нападите на возови не се ништо ново, но сепак ретко се случуваат“, изјавил претставник на локалната полиција, додавајќи дека оваа заседа била достојна на дивиот запад.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi