Бандата, позната под името “Dougherty” била фатена во Колорадо, откако нивниот автомобил удрил во ограда при полициска потера. Како што известува Sky News, браќата Дилан (26), Рајан (29) и нивната сестра Грејс Ли (26), биле обвинети за напад врз полицаец и оружен грабеж на банки. Полицијата изјавила дека Грејс Ли била повредена во потерата, и веднаш била однесена во болница, но за кратко време била пренесена во притвор заедно со своите браќа.
Бандата, “Dougherty”, американската полицијата ја опишала како “исклучително опасна” и потерата по нив траела една недела.
– Рековме дека ако овие бандити сакаат да се борат со полицијата, ние можеме да ја добиеме таа борба. Тоа и се случи денес, бандата е во затвор, изјавил шерифот Крис Ночо.