Како на филм. Опасната банда “Dougherty” била уапсена во потера

12 август, 20110
uuuuuuuuuuuu

Бандата, позната под името “Dougherty” била фатена во Колорадо, откако нивниот автомобил удрил во ограда при полициска потера. Како што известува  Sky News, браќата Дилан (26), Рајан (29) и нивната сестра Грејс Ли (26), биле обвинети за напад врз полицаец и оружен грабеж на банки. Полицијата изјавила дека Грејс Ли била повредена во потерата, и веднаш била однесена во болница, но за кратко време била пренесена во притвор заедно со своите браќа.
Бандата, “Dougherty”, американската полицијата ја опишала како “исклучително опасна” и потерата по нив траела една недела.

– Рековме дека ако овие бандити сакаат да се борат со полицијата, ние можеме да ја добиеме таа борба. Тоа и се случи денес, бандата е во затвор, изјавил шерифот Крис Ночо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *