Камионџија отишол на сунет, ама дома се вратил без алатот :)

25 август, 20110
sunet

Откако се одлучил да му направат „сунет“, 64-годишниот американски камионџија Филип Ситон воопшто не му паднало на памет дека ќе остане без својот полов орган. Сега тој со својата сопруга го тужат хирургот од Кентаки, д-р Џон Петерсон, поради отстранување на половиот орган и не можност за задоволување на сексуалните нагони.

Причината за обрежувањето биле честите воспалениа на половиот орган кој ги имал Ситон. Откако се нашол на хируршката столица, д-р Петерсон открил дека има редок и смртоносен рак на органот, па така без да го предупреди Ситон, одлучил да му го ампутира пенисот на камионџијата. Д-р Петерсон вели дека тој само го направил зафатот на обрежувањето, додека неопходната ампутација на пенисот ја извршил друг хирург, со намера да му го спаси животот.

Што точно се случило после хирушкиот зафат, Ситон открил откако се разбудил по операцијата и тргнал по нужда: „Се соблеков и видов дека немам ништо“. Негова сопруга Дебора вели дека докторот прво требал да се консултира со неа за изведениот зафат, а истотака смета дека и нејзиниот сопруг сам требал да одлучи што ќе прави со неговите делови од телото. На ова д-р Петерсон коментирал дека за проблем од овој вид не е паметно да се советува со сопругата на пациентот. Во секој случај судењето и понатаму е во тек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi