![263306](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/06/263306-610x269.jpg)
Поранешниот македонски селектор, Драган Канатларовски, го превзема кормилото на бугарскиот прволигаш Локомотив Пловдив. Канатларовски на тренерската позиција доаѓа на местото на Атанас Џамбазки.
Канатларовски извесен период беше без тренерски ангажман, а според бугарските медиуми популарниот Цапар со клубот од Пловдив потпишал договор на 1+1 година.
Канатларовски и претходно седеше на клупата на Локомотив и тоа во 2008 година, од каде замина во екипата на Раднички од Крагуевац.